Џенифер Анистон откри што украла од гардеробата на Кортни Кокс во „Пријатели“: Сè уште го носам

Jennifer Aniston 2018 e1621441853172.jpg

Во интерву за магазинот „Пипл“, Џенифер Анистон откри дека пред 17 години зела фустан што го носела Моника (Кортни Кокс) во една епизода од култната серија.

„Влегов во нејзината гардероба и го зедов, и сè уште го имам и го носам до ден денес“.

Sвездата од Morning Show (52) ja промовираше претстојната средба на актерскиот тим на „Пријатели“ за специјална епизода на Ејч-би-о макс, во која покрај неа и Кортни ќе ги видиме и Лиза Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.

Кортни го носеше фустанот додека ја глумеше Моника во текот на осмата сезона на хит-серијата, во епизодата The One Where Rachel Is Late. Моника го носи фустанот додека Рејчел ѝ кажува дека лекарот ја советувал да има секс за да го забрза процесот – план што го поддржува Моника.

Џенифер во интервјуто изјави дека не го фрлила фустанот.

„Јас сè уште го носам и точен ми е“, рече таа, а Кортни се пошегувала: „Веројатно веќе четирипати влегуваше и излегуваше од мода“.

Related posts

Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година

CityLife

Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот

CityLife

Македонките се мажат најмлади во регионот

CityLife