Сабаленка и Колцов раскинале пред неговата смрт !

222484 Kolcov Ne I Bil Momche Na Sabalenka Raskinale Pred Negovata Smrt.jpg

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка за прв пат се огласи во јавноста по смртта на нејзиниот дечко, поранешниот хокеар Константин Колцов. Поранешниот белоруски репрезентативец Колцов почина во вторник во Мајами, каде отишол да ги следи настапите на својата девојка Сабаленка на тенискиот турнир од Мастерс серијата, Неговиот живот неочекувано згасна на 42-годишна возраст во се уште неразјаснети околности. Локалните медиуми најпрвин објавија дека се работи за самоубиство и дека Колцов скокнал од балконот, но се уште не е исклучено дека се работи за несреќа. Шок за јавноста претствува информацијата дека неколку дена пред смртта на Колцов, Сабаленка ја раскинала врската. „Смртта на Константин е незамислива трагедија и покрај тоа што повеќе не бевме во врска, срцето ми е скршено. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, напиша Сабаленка на „Инстаграм“. И покрај трагедијата, втората тенисерка во светот реши да учествува на турнирот во Мајами.

Related posts

НАСА работи на робот-куче за спасувања на Месечината

CityLife

Џеј Ло ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек

CityLife

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

CityLife