Тајната на црните точки на шофершајбната: Мал детал со голема улога што многумина не го знаат

Hftyjvhxgaaeuu3.jpg

Малите црни точки долж рабовите на шофершајбната со години се дел од секој автомобил, но за нивната вистинска функција малкумина возачи знаат. Во последниот период, оваа наизглед неважна појава стана вирална тема на социјалните мрежи, каде бројни корисници признаваат дека дури сега откриле зошто постојат.

„Дали некој знае за што служат овие точки?“, прашува еден корисник, додека друг признава дека бил изненаден кога ја дознал нивната вистинска намена.

Стручњаците објаснуваат дека црните точки, заедно со темниот раб на стаклото, се дел од т.н. „фрит“ лента слој од специјален емајл кој при производството се пече на стаклото. На самиот раб, овој слој е во форма на цврста линија, која постепено преминува во низа од ситни точки.

Иако изгледаат како декоративен елемент, тие имаат важна техничка улога. Пред сè, овозможуваат подобро прилегање на лепилото што го држи стаклото за рамката на автомобилот, со што се зголемува стабилноста и безбедноста.

Дополнително, црните точки го штитат лепилото од штетното влијание на ултравиолетовите зраци, кои со текот на времето можат да го ослабат и да доведат до проблеми со фиксацијата на стаклото.

Нивната функција не застанува тука. Точкестиот распоред помага и во рамномерна распределба на топлината, со што се намалува ризикот од оптички изобличувања. Истовремено, тие обезбедуваат и визуелно помек премин од црниот раб кон проѕирниот дел од стаклото.

Особено значајна е нивната улога во горниот централен дел од шофершајбната, кај ретровизорот. Таму, точките делумно ја пригушуваат директната сончева светлина, намалувајќи го отсјајот и подобрувајќи ја видливоста при возење.

Иако често се игнорираат, овие ситни детали имаат големо значење за функционалноста, безбедноста и удобноста при управување со возилото.

Related posts

Сладолед од јагоди – совршен десерт за освежување во летните горештини

CityLife

Прекинато лансирањето на „Сојуз“ ракетата

CityLife

Чиповите на Епл имаат хардверска грешка што може да доведе до протекување на податоци

CityLife