Рене Зелвегер на својот 52. роденден презентира награда на „Оскарите“

Рене Зелвегер елегантна како и секогаш кога се појавува на свечености, синоќа ја прочита добитничката на „Оскар“ за најдобра актерка во главна улога.

Одбележувајќи го својот 52. роденден, ѕвездата на „Бриџит Џоунс“ го прескокна црвениот тепих, но излезе на сцената на „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес со свилен фустан на „Армани Прајв“.

Рене, која минатата година освои „Оскар“ за најдобра актерка за улогата на Џуди Гарланд во „Џуди“, го покажа својот модерен изглед кога ја објави победничката во категоријата Главна улога, Френсис Мекдорманд („Земја на номади“).

Related posts

Почина актерот Кларенс Вилијамс Трети

CityLife

Расел Кроу помогна да се спаси животот на повредена птица

CityLife

Украдени лични предмети на Бијонсе во вредност од 1.3 милиони долари

CityLife