Реже Џин Пејџ нема да глуми во втората сезона на „Бриџертон“, фановите тажни

1e21ce80 9526 11eb a7ff 0fd91f53bf18.jpg

Главната машка sвезда на „Бриџертон“, Реже Џин Пејџ, нема да се врати во хит-серијата на „Нетфликс“ во улогата на војводата од Хејстингс за сезоната 2, на големо разочарување од многу фанови.

Веста беше објавена во петокот како напис во Society Papers на Лејди Вислдаун – популарните памфлети проткаени низ целата приказна на серијата. Овие памфлети беа викторијанска варијанта на Gossip Girl („Озборувачка“).

Британскиот актер по потекло од Зимбабве игра главна улога како Сајмон, војводата од Хејстингс – бунтовен млад ерген во алтернативниот приказ на лондонските балови од риџенси ерата.

Примамливиот, но недостижен војвода стана инстант sвезда по излегувањето на серијата. Тој предизвика глобални длабоки воздишки кај женската публика.

Веста дека Пејџ нема да се врати за втората сезона на хит-драмата ги остави фановите незадоволни.

„Ќе го нема“, напиша пејачката Дион Ворвик, придружувајќи се на многуте реакциии на социјалните мрежи.

„Бриџертон“ го гледаа 82 милиони домаќинства во првиот месец откако почна да се прикажува на „Нетфликс“, што ја прави најпопуларна оригинална серија на стриминг-платформата.

Related posts

Експертите предупредуваат: Смоквата не е безбедна за садење близу домот

CityLife

Од ластик и плочка на улица до модерни игротеки – како се менува детството низ генерациите

CityLife

Амброзио ја почна работната недела со пилатес

CityLife