По вакцинирањето, не смеете да ги правите овие 6 работи

Vakcina

Ако имате несакани ефекти по вакцинирањето, како што е треска, алкохолот нема да ви помогне, затоа не треба да го консумирате.

Вакцината против ковид-19 е главната алатка што ја користи целиот свет за борба против ширењето на пандемијата. Но, постојат некои работи што не треба да се прават по вакцинирањето.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД (CDC) во своите упатства наведе кои активности не се препорачуваат пред и по приемот на вакцината.

Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата

Не треба да земате лекови без рецепт, вклучувајќи ибупрофен, ацетаминофен и аспирин, пред да ја примите вакцината, советуваат, но по вакцинацијата може. Лековите без рецепт, како што е ибупрофен, се антиинфламаторни лекови кои можат да го отапат одговорот на телото на вакцината.

„Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата, бидејќи тоа може да пречи во можноста на вакцината да ви даде најсилен одговор“, рече микробиологот Дебора Фулер.

Таа додаде дека по вакцинирањето, можете да ги земате овие лекови за да ублажите некои несакани ефекти.

Алкохолот нема да помогне

Томас Русо, раководител на Одделот за инфективни болести на Универзитетот во Бафало во Њујорк, рече дека досега не видел јасна причина зошто би смееле да се напиете чаша вино или пиво по вакцинирањето.

Меѓутоа, ако имате какви било несакани ефекти по вакцинирањето, како што се треска, алкохолот нема да ви помогне, затоа не треба да го консумирате.

Избегнувајте пирсинг и тетовирање веднаш по вакцинирањето

– Кожата е вашата прва бариера против патогените микроорганизми, а исто така предизвикува и имунолошки одговор. Тетовирањето или пирсингот веднаш по вакцинирањето може да стимулира имунолошки одговор, што не би било пожелно во комбинација со имунолошкиот одговор по вакцинирањето, истакна Фулер.

Експертите сè уште не се сосема сигурни како тетоважата или пирсингот може да влијае на имунолошкиот одговор по вакцинирањето, но како мерка на претпазливост, ве советуваат да ги избегнувате овие активности веднаш по вакцинирањето.

Не примајте други вакцини истовремено

CDC не препорачува да се вакцинирате со какви било други вакцини истовремено со приемот на вакцината против ковид-19.

– Серијата вакцини против корона треба да се администрираат самостојно со интервал од најмалку 14 дена помеѓу двете дози – се наведува во упатствата.

Исто така, се наведува дека во тој период, луѓето не треба да примаат други вакцини од безбедносни причини.

Не престанувајте да ги земате потребните стероиди

Ако веќе земате стероидни лекови поради хронична состојба, немојте одеднаш да престанете да го земате. Русо наведува дека постои причина зошто ваквите лекови ви се препишуваат и дека не треба да престанете да ги земате без да се консултирате со вашиот лекар.

Немојте премногу да вежбате

– Вежбањето не треба да претставува проблем, физичките вежби можат да придонесат за подобар имунолошки одговор – истакна Фулер.

Но, немојте претерано да се исцрпувате со вежбањето.

– Слушајте го вашето тело. Ако се чувствувате добро – вежбајте. Но, ако се чувствувате лошо по вакцинирањето, одморете се – изјави Русо за Huffpost.com.

Експертите исто така напоменуваат да не заборавате да внесувате доволно течности по вакцинацијата. Хидратацијата е исклучително важна.

Related posts

Знаци кои откриваат дека не се движите доволно

CityLife

Сварете лушпи од лук во вода и пијте ја течноста на секои 4 часа: Еве за што сè помага овој моќен напиток

CityLife

Како да се создадат здрави навики во исхраната кај бебињата?

CityLife