Пепелот на Принс ќе биде изложен во Пејсли Парк по повод петтата годишнина од неговата смрт

2.jpg

Хитмејкерот на Purple Rain почина во април 2016 година по случајно предозирање со фентанил, а сега е потврдено дека следниот месец неговиот пепел ќе биде изложен во атриумот на комплексот во Пејсли Парк, Минесота, каде што живееше, за да се одбележат пет години од неговата смрт.

Претставници на Пејсли Паркот објавија дека имотот – кој беше отворен како музеј по смртта на култниот музичар – ќе може да прими по 1.400 луѓе внатре во комплексот за 30-минутна посета на атриумот на 21 април.

Пејсли Парк, приватниот имот и студио на Принс, се отвори за туристички тури неколку месеци по неговата смрт. Турите вклучуваат посета на студија во кои Принс ги снимил, продуцирал и миксал неговите најголеми хитови, како и сцената на која вежбал со часови и одржувал ексклузивни приватни концерти. Изложени се и илјадници артефакти од неговите лични архиви, иконска облека од неговите концерти, награди, музички инструменти, уметнички дела, ретки записи, автомобили и мотоцикли.

Related posts

Трите најчести грешки во исхраната кои се одговорни за надуеност и лошо варење

CityLife

Мерки во случај на итна помош или смрт на патник во авион

CityLife

Јапонската Влада со апликација за запознавање се обидува да го реши проблемот со намалувањето на населението

CityLife