Парис Хилтон: Објавувањето на приватно видео е најголемата траума во мојот животот

Речиси 17 години откако секс снимка со нејзин поранешен партнер се појави во јавност, Парис Хилтон деновиве повторно се наврати на скандалот.

Таа открива дека објавувањето на секс снимката ќе ѝ причинува болка до крајот на животот. „Во тие моменти се чувствував како да ми завршил животот“

Во 2004 година, нејзиното поранешното момче Рик Саломон објави интимно видео кое го снимале заедно во 2001 година, додека биле во врска.

„Тоа е нешто што ќе ме боли до крајот на мојот живот. Секогаш е таму во позадината на мојот ум,“ рече таа во текот на емисијата Vanity Fair Cocktail Hour Live изминатиот викенд.

“Кога се случи тоа, луѓето беа многу злобни кон мене. Начинот на кој ми се обраќаа во ноќните ток-шоуа и медиумите… и сето тоа пред очите на моето семејство, беше потресно. Јас постојано плачев дома. Не сакав да излезам од куќата, се чувствував како да ми заврши животот.“

Парис призна дека сè уште има посттрауматски стрес да дискутира за тоа затоа што навистина му верувала на тогашниот партнер и сметала дека видеото секогаш ќе остане „приватно искуство меѓу двајца“.

„Тоа беше приватно искуство помеѓу двајца луѓе. Сакате некого, имате доверба во некого, и вашата доверба да биде изневерена на таков начин, целиот свет да гледа и да се смее…“

Related posts

Четири американски медиуми и стримери најавија бојкот на HFPA

CityLife

Кралското семејство и премиерот Џонсон во поддршка на Англија пред вечерашното полуфинале

CityLife

Кралското семејство навива за Англија на синоќешниот натпревар

CityLife