Одложен лет во Кина: патник фрлал пари во моторот на авионот

7c6f2bc8 973b 4774 A7a8 E026cd82120c.jpg

Лет на кинескиот аеродром во средата беше одложен повеќе од четири часа бидејќи патник вметнал парички во моторот на авионот.

Летот CZ8805 на „China Southern Airlines“ требаше да полета за Пекинг околу 10:00 часот, но полета дури околу 14:16 часот.

На видеото споделено од бројни државни медиуми, стјуардесата го прашува патникот колку монети фрлил во моторот, на што мажот одговара – меѓу три и пет. Полицијата подоцна го однела патникот на аеродромот.

Авиокомпанијата соопшти дека монетите биле пронајдени при безбедносни проверки.

Related posts

Експерти за сајбер безбедност: „Не треба да ги преземате овие апликации“

CityLife

Летечките такси би можеле да полетаат за две години

CityLife

На Семот за мебел во Скопје продефилираа повеќе од 15.000 посетители  

CityLife