Гром погоди авион со 400 патници, снимен моментот на ударот

Grom Udara U Avion 830x0 1.jpg

Неколку моменти по полетувањето на Боинг 777 на Ер Канада од Ванкувер, снимена е страшна сцена.

Случајно, Итан Вест, кој се школува да стане пилот, го гледал полетувањето и решил се да сними на својот телефон. Сепак, тој не очекувал удар на гром.

Експертите велат дека секој авион е погоден од гром еднаш или двапати годишно, но дека патниците не се во животна опасност.

Модерните авиони имаат громобрански спроводници, а тие се направени од јаглероден композитен материјал, покриен со тенок слој бакар кој спроведува струја околу него, пишува Дејли мејл.

Патниците може да видат блесок или да слушнат гром, но остануваат безбедни.

Така беше и по ударот во неделата, а Боингот со 400 патници подоцна безбедно слета во Лондон. Компанијата известува дека леталото е прегледано за да се осигура дека нема штета.

@ethan_west10 777-300 departing from yvr to London Heathrow #yvr #boeing #777 #fyp #foryoupage #aviation #lightening ♬ nightcrawler – LOLA ⭑

Related posts

Како да ја препознаете депресијата: Симптоми и патот кон помош

CityLife

Рене Зелвегер на својот 52. роденден презентира награда на „Оскарите“

CityLife

Лебот со кисело тесто се смета за суперхрана. Ова се причините зошто треба да го јадете

CityLife