Огромна побарувачка за добротворниот сладолед на Доли Партон

41636718 0 image a 70 1618201644997.jpg

Новиот сладолед од јагода Strawberry Pretzel Pie на Доли Партон дебитираше со голем интерес за ладниот десерт, а некои од продавачите на популарната онлајн-продавница „Ибеј“ сакаа да го искористат налетот на производот наплатувајќи 1.000 долари за половина литар.

Сладоледот излезе во продажба во средата и брзо се распродаде преку локациите на „Џени“, а  многумина се свртеа кон секундарниот пазар за да остварат брз профит на популарниот производ.

75-годишната легенда на американската кантри-музика соработува со Splendid Ice Creams на „Џени“ за нов вкус на сладолед. Приходите ќе одат во добротворни цели, односно во нејзината програма „Библиотека на фантазијата“.

Малкумина знаат за активизмот на Доли Партон и поддршка на писменоста кај децата преку нејзината „Библиотека на фантазијата“ (Imagination Library).Секој месец, оваа непрофитна организација испраќа бесплатни книги на повеќе од милион деца – од бебиња до деца на претшколска возраст – без оглед на приходите на нивните семејства.

Related posts

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

CityLife

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

CityLife

Причини поради кои се зголемува шеќерот во крвта во летниот период

CityLife