(Видео) Строг протокол: Принцот Хари ќе присуствува на погребот на неговиот дедо во цивилна облека

Hari1.jpg

Се очекува принцот Хари да не носи воена униформа на погребот на принцот Филип откако тој се повлече од своите должности во кралското семејство.

Војводата од Сасекс ја изгуби улогата на главен капетан на кралските маринци, која ја презеде од неговиот дедо, како и на уште две почесни воени функции. Тоа значи дека тој не може да носи официјални униформи на настапи и најверојатно ќе пристигне на службата в сабота во костум како и другите поранешни војници. Тоа ќе биде сосем спротивно на неговиот татко, принцот Чарлс и неговиот брат, војводата од Кембриџ, за кои се очекува да присуствуваат во воена униформа.

Принцот Ендру е единствениот постар маж кој се очекува да пристигне во костум откако се повлече од јавната функција во 2019 година, поради неговата врска со милијардерот педофил Џефри Епштајн.

Хари не се врати во Велика Британија откако поднесе оставка од сите функции во кралското семејство пред нешто повеќе од една година.

Војводата (36), наводно, отпатувал од својот дом во Калифорнија, додека на неговата бремена сопруга Меган Маркл и било препорачано да не лета за Велика Британија. Секако, Меган направила сè за да му се придружи на сопругот, но докторот не и дал дозвола да патува.

Војводата и војвотката објавија почит кон принцот Филип на интернет-страницата на нивната фондација Арчвел каде што пишуваше: „Во спомен на Неговото кралско височество војводата од Единбург 1921-2021 година. Ви благодариме за услугата … Многу ќе ни недостасувате.“

Related posts

(ВИДЕО) Милош Биковиќ рекламира пријателски фудбалски натпревар меѓу Србија и Русија

CityLife

Ако сакате да внесете повеќе витамин К почнете да јадете редовно од овие видови храна

CityLife

Меган Maркл ќе објави детска книга заснована на сопругот Хари и синот Арчи

CityLife