Николас Кејџ и новата сопруга прошетаа по холивудскиот Булевар на славните

Тие го врзаа јазолот на 16 февруари оваа година – негов петти брак.

А Николас Кејџ докажа дека има уникатен вкус за локации за прошетка, бидејќи ја однесе новата сопруга Рико Шибата во Холивуд за да може одблизу да ја видат неговата ѕвезда на Булеварот на славните.

57-годишниот актер се држи за рака со Рико (27) додека стојат до ѕвездата што ја доби во јули 1998 година.

Оскаровецот се ожени со Рико на интимна церемонија во хотелот „Вин“ во Лас Вегас на 16 февруари. Датумот бил одбран во чест на роденденот на покојниот татко на младоженецот.

Related posts

(Видео) Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн во „Ледениот пат“

CityLife

„Тој се откажува од барањето за старателство“: судската битка на Анџелина и Бред е при крај

CityLife

Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде изложена во палатата Кенсингтон

CityLife