Најголемата супер јахта во светот станува реалност: Ќе има 39 апартмани по цена од над 11 милиони долари

Најголемата супер јахта во светот наскоро ќе стане реалност, како капацитет со 39 станови по почетна цена од „скромни“ 11 милиони долари.

Со импресивни 728 стапки, супер јахтата со име „Сомнијо“ треба да биде најголемата јахта во светот и по должина и по обем, откако ќе биде лансирана во 2024 година, пренесува Си-ен-ен.

Супер јахтата „Сомнијо“, што на латински значи „сон“, е дизајнирана од компаниите „Винц х Дизајн“ и „Тилберг Дизајн“ од Шведска, а треба да ја изгради норвешкиот дизајнер и бродоградител ВАРД по цена од околу 600 милиони долари.

Гигантското пловило ќе располага со 39 апартмани на шест ката, како и ресторани и барови.

Сепак, постапката за купување е само со покана или препорака, а почетните цени на становите се повеќе од 11 милиони долари.

Портпаролот на проектот за Си-ен-ен травел потврди дека некои станови се веќе „разграбани“.

Беше објавено дека идентитетот на сопствениците ќе се чува во тајност, и дека секој од 39-те апартмани ќе содржи специјални функции базирани на желбите на купувачот.

„’Сомниjо’ ќе биде единствената супер јахта за живеење во светот и е дизајнирана да почитува стандарди кои се сразмерни со секојдневното живеење“, рече капетанот на јахтата, Ерик Бреде.

Related posts

Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

CityLife

Легендарни улоги кои Том Хенкс ги одбил

CityLife

Овие грешки во исхраната нема да ви дозволат да ослабете

CityLife