Ник Кенон станa татко по седми пат

20210705 nick fb.jpg

Популарниот комичар и водител Ник Кенон стана татко по седми пат.

Девојката на 40-годишниот Ник, Алиша Скот во неделата (4 јули) потврди дека на 23 јуни го родила синот на двојката, Зен, со емотивна порака за новороденчето.

Покрај емотикон со црно срце, таа напиша: „Те сакам вечно … 6.23.21“

Минатиот месец Алиша најави дека чека бебе со Ник Кенон.

Манекенката неодамна предизвика шпекулации дека водителот на Masked Singer бил татко на нејзиното неродено дете кога на сега веќе избришаната фотографија од бременоста откри дека планира да го именува својот син Зен С. Кенон. Таа исто таа го одбележа Денот на таткото споделувајќи фотографија од нив заедно, со Ник како го гали нејзиниот труднички стомак.

Новото бебе е четврто за само шест месеци на Ник. Тој и Британи Бел дочекаа женско бебе во декември, а Аби Де Ла Роса неодамна ги роди близнаците Зион и Зилион.

Аби објави дека таа и Ник имаат близнаци.

Комичарот има син Голден (4) со Британи, и 10-годишни близнаци Мароко и Монро со поранешната сопруга Мараја Кери.

Related posts

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

CityLife

Мариа Дибиаџо од Ранковце номинирана за наградата Европска жена на годината 

CityLife

НАСА објави нови слики од „Далечната страна“ на Месечината

CityLife