Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

F60e80002640a0 60e80002640e0.thumb .jpg

Мал цртеж од познтиот сликар Леонардо да Винчи, со име „Глава на мечка“, беше продаден за рекордни 8,8 милиони фунти (12,1 милиони американски долари) на една аукција во Лондон.

Уметничкото дело, старо повеќе од 500 години, е со димензија од 7×7 см.

Продажбата го надмина претходниот рекорд за цртеж на Да Винчи, поставен од Horse and Rider („Коњ и јавач“), кој се продаде за 8,1 милиони фунти во 2001 година.

Според аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа продажбата, ова е еден од само неколкуте цртежи на италијанскиот ренесансен мајстор, кои сè уште се во приватна сопственост.

Аукциската куќа не го откри идентитетот на купувачите. Сепак, некои британски медиуми открија дека бил продаден на една понуда од маж и жена.

Related posts

Ѓорѓе Давид: Налетав на лице кое шеташе во автопатот !

CityLife

Пукна канализациски цевковод во Пефкохори – властите забранија капење во морето

CityLife

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

CityLife