Македонката Вртева ја доби престижната титула „инженерка на годината“ во Словенија

Ljupka Vrteva 750x430 1.jpg

Македонката Љупка Вртева од Струмица ја доби престижната титула инженер на годината во Словенија. Вртева е развоен инженер за областа на греење, вентилација и ладење на згради и проект менаџер на соларната централа во Петрол. Признанието кое го доби на вечерашната свеченост во Цанкарјев дом во Љубљана, треба да ги инспирира младите жени да студираат во области како наука, технологија, инженерство и математика, пренесе „Словенија тајмс“.
По завршувањето на средното образование во Македонија, Љупка Вртева дошла во Словенија, каде што ги завршила додипломските и магистерските студии на Машинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Во 2019 година ја завршила и меѓународната програма за обука Европски енергетски менаџер – EUREM на Институтот „Јожеф Стефан“. Љупка пораснала во фамилија на музичари и економисти и сакала да биде поразлична – како дете била многу креативна, но сакала нејзината имагинација да ја претвори во нешто видливо. Вели дека токму имагинацијата ја водела и по завршувањето средно образование во Македонија, Вртева се преселила во Словенија и единствената желба ѝ била да стане инженер.
Вртева најпрвин развила компјутерска програма за механичка вентилација на згради, а сега дизајнира нови ефикасни енергетски системи. Жирито што ја додели наградата посочи дека и покрај многуте пречки, вклучувајќи ја и јазичната бариера, нејзината одлука да стане инженер била вистинската. За титулата одлучувала жири-комисија од 92 члена – претходно номинирани, претставници од медиумите, професори и студенти вклучени во проектот „Ќе бидеме жени и мажи инженери“, како и организаторите. Десет жени инженери беа номинирани за наградата инженер на годината за 2023 во изборот што во Словенија се организира по шети пат. Македонката Вртева победи во конкуренција на Анка Илч, шеф на лабораторијата во Структум, Јелена Васиљевиќ, инженер за истражување и развој во Филц, Кристина Батистич, консултант за сајбер безбедност во НИЛ, Леја Прежељ, стручен соработник за безбедност и квалитет на храната во производството на свежи производи во компанијата Љубљанске млекарне, Нина Крмац, шеф на ИТ координативната група во А1 Словенија, Нина Зајферт, хонорарен развојен инженер за иновации во Искра, Петра Осојник, раководител на валидации во асептичката единица во фармацевтската компанија Лек, Саша Страдовник, инженер за роботика и автоматизација во Прорис и асистент и истражувач на Универзитетот во Марибор и Симона Кек, научник за податоци во Outbrain. Изборот е создаден на иницијатива на Сименс Словенија. Од минатата година, по словенечкиот пример, жена инженер на годината се бира и во Хрватска и во Србија.

Related posts

„Но, тоа не е сè! Ако се јавите сега …“. Како пропадна Топ Шоп?

CityLife

Колку често користите јаболков оцет и што тој му прави на вашето тело?

CityLife

Принцот Хари нема да врши притисок врз своите деца

CityLife