Ким Кардашијан ужива во уникатната атмосфера на Рим

Таа има однапред подготвена маршута додека престојува во еден од најубавите градови во светот, вечниот Рим, оваа недела.

Но, Ким Кардашијан се погрижи да изгледа ништо помалку од беспрекорно кога излезе од хотелот во италијанската престолнина во понеделникот за да руча во Roscioli Salumeria.

Сите погледи беа свртени кон 40-годишната Ким, коментираат таблоидите, додавајќи дека таа се појави облечена во црно кожено мини здолниште и тенок џемпер со само едно копче прицврстено.

Папараците чекаа на излезот за да направат серија фотографии на мајката на четири деца додека го напушта ресторанот и се упатува на настан во градот.

Иако се чинеше дека е сама, sвездата на реалити-шоуто „Дружење со смејството Кардашијан“ (KUWTK) беше видена со својот тим на гламурот на обиколка на Колосеумот во неделата.

Патувањето доаѓа во време кога американските шоубиз медиуми пишуваат дека Ким не размислува за нова романса и не верува дека Канје Вест ќе продолжи понатаму со некоја друга.

Весникот „Ју-ес викли“ цитира инсајдер кој вели: Таа во моментот не е фокусирана на нови врски, но всушност смета дека момците нема да сакаат да излегуваат со неа затоа што нејзината врска со Канје беше премногу јавна.

„Таа знае колку е тешко да се изгради доверба, па мисли дека ќе биде потребно време пред да дозволи некој да влезе во нејзиниот приватен живот. Со Канје беше лесно затоа што тие претходно беа пријатели, па имаа повеќегодишна доверба “, објасни изворот.

Ким поднесе барање за развод во февруари по речиси седум години брак.

Related posts

Врвниот чоколадар на кралицата ги открива омилените вкусови на нејзиното височество

CityLife

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

CityLife

Принцот Чарлс намерно ја изостави Меган на роденденската објава за Арчи, тврди експерт

CityLife