Претрес во Велешта, најдено пушка, пиштол и дрога

Kokainm.jpg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Х.(51) од с.Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка и куршуми, пиштол со рамка и куршуми, револвер, додека при преглед над пријавениот била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Related posts

Екстрактот од канабис ги уништува клетките на ракот на кожата

CityLife

Познатата актерка за експлицитната сцена во филмот на нејзиниот син: Се чувствував ослободена

CityLife

Бургас домаќин на „Евросонг“ в година

CityLife