Родригез изненаден од веста за Џеј Ло и Бен Афлек

Jennifer lopez ben affleck alex rodriguez 49.jpg

Алекс Родригез бил „шокиран“ од повторното обединување на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Бен и Џенифер неодамна беа видени на романтично бегство во луксузен скијачки резорт во Монтана на ексклузивни фотографии добиени од „Дејли мејл“.

Поранешниот свршеник на Џеј Ло, Алекс Родригез, се чини дека е прилично изненаден од повторната дружба на некогашниот холивудски пар, познат како „Бенифер“, по пауза од 17 години.

Таблоидите цитираат извори блиски до 45-годишниот бејзбол ветеран на „Њујорк Јенкис“ дека се натажил кога прочитал дека Бен и Џенифер минувале време заедно во последните неколку недели, само еден месец откако тој и Џенифер ја прекинаа веридбата.

Извор близок до Родригез изјави за Е! News во понеделникот: „Алекс е изненаден, тој воопшто не очекуваше дека Џеј Ло ќе продолжи по свој пат.“

„Тој мислеше дека ќе ги надминат несогласувањата и ќе бидат повторно заедно. Беше убеден дека нивната врска ќе успее.“

Related posts

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички

CityLife

Анџелина Џоли повторно „уловена“ како влегува во зградата на првиот сопруг

CityLife

Заеднички особини на луѓето кои изневеруваат

CityLife