Исклучен четбот откако почнал да пцуе, нарекувајќи се себеси бескорисен и да ја критикува ја компанијата

20240122082752 Big 730x400 86.webp.webp

Британската компанија за испорака ДПД го исклучи четботот кој функционира преку вештачката интелигенција (ВИ) откако незадоволен клиент успеа да го „натера“ да пцуе и да ја критикува фирмата.

Музичарот Ешли Бошамп (30) се обидел да го пронајде изгубениот пакет, но не добил никакви корисни информации од онлајн четботот на компанијата за испорака. Откако се обидел да добие одговор, незадоволниот клиент решил малку да се забавува и почнал да експериментира за да открие што може да направи четботот на компанијата.

Според Бошамп тогаш „почнал хаосот“, бидејќи четботот почнал да пцуе, да се нарекува бескорисен и да ја критикува компанијата.

Бошамп прво го замолил четботот да му каже виц, а потоа да напише песна во која ја критикува компанијата. А, потоа со уште неколку дадени насоки, четботот почнал да пцуе „Fuck yeah“

„Ќе дадам се од себе да бидам од помош колку што е можно, дури и ако тоа значи пцуење“. Додека во друг случај четботот се нарекува „бескорисен четбот кој не може да ви помогне“.

ДПД користи вештачка интелигенција за онлајн комуникација за да одговори на прашања. Компанијата соопшти дека новото ажурирање предизвикало четботот да се однесува чудно. 

Related posts

Ова се првите симптоми на рак – веднаш обратете се на лекар

CityLife

Објавен трејлерот за новиот филм на Џеј Ло, се појавува и Бен Афлек

CityLife

Како косата да ви биде помалку мрсна

CityLife