Иран најави изградба на најголемиот Космодром во западна Азија

443011 0.jpeg

Иранскиот министер за комуникации и информатичка технологија, Иса Зарепур соопшти дека властите ја градат најголемата база за вселенско лансирање во западна Азија. Претставникот на Владата додаде дека се планира поставување уште еден сателит до крајот на тековната иранска календарска година (до 20 март, оваа 2024 година).

– Важни настани се случија во вселенската индустрија во земјава… Бројот на лансирани сателити во земјата, откако Администрацијата на претседателот Ибрахим Реиси ја презеде функцијата во август 2021 година, достигна 11, рече министерот.

Тој изрази и надеж дека Исламската Република наскоро ќе го зголеми бројот на вселенски лансирања. Беше истакната и досегашната соработка со други земји, како и најсовремената технологија во вселенската индустрија со којашто Иран успешно може самостојно да ги испраќа своите домашни сателити во орбитата.

Нанатаму, Зарепур нагласи дека искористувањето на големите капацитети на компаниите од приватниот сектор и оние засновани на знаење – е на врвот на агендата на Министерството.  

Related posts

Ледениот џин исчезнува – последните месеци на огромната санта мраз А23а, двојно поголема од Лондон

CityLife

(Видео) Новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ доби трејлер и датум на премиера на „Дизни плус“

CityLife

Дон Џонсон се подготвува за рестартирање на „Неш Бриџис“

CityLife