Како мимозите да ви траат подолго

F8b7fe4e28deaf0f7d1d.jpeg

Февруари е месец на мимозите, тоа е растение кое плени со својот специфичен цвет, но и со својата интензивна, жолта боја.

Мимозите се исклучително нежни цвеќиња. Кога ќе забележи најмало нарушување, ги затвора летоците и повторно ги отвора дури по 15-20 минути. Во природата брзо расте, сака песочна почва и сонце, па најмногу го има покрај морето.

Ако сакате мимозите да ја разигруваат вашата домашна средина, можете да ги чувате сами или во комбинација со други цвеќиња.

За да ја одржувате мимозата подолго свежа, отстранете ги сите листови од гранката и додајте неколку капки лимон, па дури и парчиња или прстени во вазната.

Ќе имате одлична декорација со вашите мимози, а задолжително тргнете ги подалеку од печката или радијаторот за да не бидат изложени на премногу топлина.

Related posts

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца

CityLife

Анџелина Џоли елегантна на прошетка со својата ќерка

CityLife

Тејлор Свифт прва жена добитник на наградата „Глобална икона“

CityLife