Ејдан Тарнер ќе го глуми Леонардо да Винчи во нова серија

Ирскиот актер Ејдан Тарнер изјави дека му е мило што новата историска драма за Леонардо да Винчи ја отсликува сексуалноста на уметникот.

Во новиот проект, во продукција на „Амазон прајм“, Тарнер го глуми познатиот италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник.

Во ТВ-серијата, универзалсниот уметник од Тоскана е прикажан како да има машки љубовници. Некои историчари тврдат дека Да Винчи бил хомосексуалец или бисексуалец.

„Неговата сексуалност е голем дел од она што навистина бил тој“, рече Тарнер во текот на поткатстот Leonardo: Official Podcast. „И негова мотивација да направи толку многу“, додаде актерот.

Драмската серија – љубовна приказна и мистерија за убиство – истражува што го натерало Да Винчи да црта. Секоја од осумте епизоди се фокусира на различна слика и приказната што стои зад неа.

Related posts

Харисон Форд и неговата 22 години помлада сопруга се расплакаа на доделување награди

CityLife

Ема Стоун била возбудена дека Леонардо ди Каприо ѝ го врачил „Оскарот“

CityLife

Дакота Џонсон по улогата во последниот филм: Никогаш повеќе нема да направам вакво нешто

CityLife