Дон Џонсон се подготвува за рестартирање на „Неш Бриџис“

Тој стана славен како прикриен полициски детектив Џејмс „Сони“ Крокет во хит-серијата од 80-тите „Пороците на Мајами“.

И сега Дон Џонсон враќа уште еден од неговите омилени ликови од малиот екран – инспекторот Неш Бриџис, кој ја води специјалната единица за истраги при полицискиот оддел во Сан Франциско.

А ќе му се придружи и Чех Марин во улогата на Џо, негов пријател и колега во специјалната истражна единица во оригиналната серија.

71-годишниот Џонсон беше гостин во шоуто на Елен Деџенерис во средата и потврди дека во моментов се подготвува заживување на серијата која траеше шест сезони од 1996 до 2000 година.

Related posts

Ќерката на Ед Ширан плаче кога тој пее

CityLife

Финансиските резултати на ОКТА за четвртиот квартал и 12 месеци од 2023 година

CityLife

Шварценегер по вградувањето на пејсмејкер е подготвен за снимање

CityLife