(Видео) „Игра на тронови“ објави нов трејлер за осмата и последна сезона

41471800 9447411 image a 3 1617835540213.jpg

Непосредно откако „Ејч-би-о“ најави едномесечна прослава на Game of Thrones пред 10-годишнината на серијата, мрежата објави нов трејлер за осмата и последна сезона, а фановите не се многу задоволни.

Серијата нашироко се смета за огромен успех, со 59 награди „Еми“, најмногу од било која серија, иако последната сезона предизвика раздор меѓу фановите.

Новиот трејлер ги открива најзначајните моменти од последната сезона, исполнети со спојлери за оние кои не се навлечени на серијата, а многу фанови побрзаа да го искажат своето незадоволство.

Тизерот беше објавен во вторникот, со нешто помалку од 30.000 прегледи, но дискрепанцата помеѓу тие на кои им се допаѓа и тие кои не им се допаѓа е очигледна имајќи го предвид соодносот на лајкови и дислајкови.

Related posts

Дете кое сака да стане пилот ја помина првата лекција за летање

CityLife

Седум работи што децата ги забележуваат, а возрасните не се ни свесни за нив

CityLife

Шарена диета со која Кристина Агилера ослабе 18 килограми

CityLife