Доделувањето на „Оскари“ замислено како филм – со маски, подолги говори

Церемонијата на „Оскарите“ следната недела ќе наликува на филм, давајќи им на победниците повеќе време за говори, а заштитните маски ќе играат голема улога, открија продуцентите на свечената вечер.

Пандемијата на коронавирусот и тројцата нови продуценти на свеченоста доведоа до поинаква верзија на традиционалната претстава каде што се доделуваат највисоките филмски признанија пред седечка публика со повеќе од 4,000 sвезди од А-листата и директори на индустрија.

Голем дел од церемонијата на 25 април ќе се одржи на станицата „Арт Деко јунион“ во центарот на Лос Анџелес, каде се гради сцена и каде презентерите ќе сторат повеќе од отворање плик со името на победникот.

„Нема да биде како нешто порано направено“, рече на прес-конференција режисерот Стивен Содерберг, продуцент на свеченоста заедно со Стејси Шер и Џеси Колинс.

Содерберг, кој го режираше филмот „Зараза“ од 2011 година, во саботата рече: „Пандемијата отвори можност да пробаме нешто што не е пробано“.

„Сакаме свеченоста да има глас“, додаде тој.

Содерберг рече дека церемонијата ќе се снима како филм, а водителите меѓу кои Бред Пит, Харисон Форд и Хали Бери „ќе се глумат себеси, или барем верзија од нив“.

Говорите на добитниците на „Оскар“ претходно беа ограничени на околу 45 секунди. Оваа година, според Содерберг, ќе им биде дадено простор. „Ги охрабривме да раскажат приказна и да кажат нешто лично”.

Продуцентите рекоа дека ќе има строги тестирања и Ковид-протоколи, повеќето од нив ги следат стандардите развиени минатата година за реактивирање на филмската и ТВ-продукцијата.

Запрашан за заштитните маски во текот на церемонијата, Содерберг даде, како што рече, намерно мистериозен одговор.

„Маските за лице ќе играат главна улога во приказната“, рече Содерберг. „Таа тема е многу важна за наративот.“

Номинираните кои не можат да патуваат во Лос Анџелес на церемонијата ќе можат да учествуваат преку приклучување на сателити од локации низ целиот свет, но нема да има појавувања на „Зум“.

На церемонијата ќе ѝ претходи 90-минутно шоу во кое ќе бидат вклучени настапи на петте кандидати за оригинална песна, кои беа снимени однапред на покривот на новиот музеј на Академијата во Лос Анџелес и во Исланд.

Related posts

Магична свадба на зајдисонце: Гвен Стефани и Блејк Шелтон

CityLife

Најубава фигура во танга бикини – Софија Вергара ги потсети фановите како изгледаше во 1990-тите

CityLife

Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка

CityLife