Дизниевиот „Круела“ доби мешани критики

Новиот Дизни-филм „Круела“ со Ема Стоун и Ема Томпсон во главните улоги, доби различни рецензии од критичарите.

Филмот всушност е претходник на „101 Далматинец“ и ја следи злобничката Круела де Вил од нејзините корени како сираче до амбициозна модна дизајнерка решена да се одмазди за смртта на својата мајка.

Според „Гардијан“, филмот е исклучително забавен.

Но, „Тајмс“ го нарече „ млитав и конфузен“.

Злобната киднаперка на кучиња беше застрашувачка икона на „Дизни“ кога беше објавена оригиналната анимација „101 Далматинец“ во 1961 година,

Овој најнов филм ја следи верзијата од 1996 година со Глен Клоуз во главна улога, и неговото продолжение од 2000 година. Оригиналните филмови беа фокусирани на желбата на Круела да убие далматински кутриња за да го искористи крзното за палто.

Во „Круела“, Ема Томпсон е шефицата на Круела, баронеса фон Хелман, која раководи со престижна лондонска модна куќа.

Гардијан ги пофали двете Еми, но Кевин Маер од „Тајмс“ беше помалку ентузијаст и напиша: Стоун „едноставно не ве плаши“.

Related posts

Сурутката ги зајакнува коските и ги чисти крвните садови

CityLife

„Овци за стрижење“: Ист стол на ИКЕА во Хрватска 218 евра, во Германија 99 евра

CityLife

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

CityLife