Дали Кина губи интерес за холивудските филмови?

20210617 astillfromfastandfurious universalpictures.jpg

Во услови кога пандемијата доведе до глобален прекин на забавната индустрија и затворање на киносалите во САД, веста дека „Брзи и бесни 9“ собра 1,2 милијарди јуани (249 милиони долари) на киноблагајните во Кина на почетокот на јуни преставува добредојден поттик за болната холивудска индустрија.

Сепак, оваа навидум блескава цифра е далеку од заработката на кинескиот боксофис за претходните филмови на хит-серијалот. Осмото продолжение заработи 2,7 милијарди јуани во 2017 година, а седмото, 2,4 милијарди јуани (2015).

Настапот на франшизата во Кина е показател за моменталниот тренд на холивудските филмови кои брзо губат привлечност кај кинеската публика.

Минатата година, домашните филмови донеле 84% од вкупната заработувачка на киноблагајните во износ од 20,4 милијарди јуани, според податоците на China Film Administration (Државна управа за филм).

Related posts

Дневен хороскоп за 27 април 2026 година

CityLife

Еве зошто не треба да пиете вода од пластично шише кое ви стоело во автомобил на топло

CityLife

Зошто не смеете да дозволите водата од кафето да зоврие двапати

CityLife