„Годзила против Конг“ на врвот на боксофисот со најголема заработка од почеткот на пандемијата

„Ворнер Брос пикчрс груп“, една од најголемите филмски компании во светот, продолжува да докажува дека нејзинта стратегија на хибридни премиери во киносалите и на стриминг-платформата „ХБО макс“ се исплати.

„Годзила против Конг“ постави нов рекорд среде пандемија.

Чудовиштето од „Ворнер Брос“ е официјално филм со најголема заработка во ерата на Ковид-19 на домашните киноблагајни, завршувајќи во петокот со вкупно 60 милиони долари. Го претрка дотогашниот шампион „Тенет“ (58,2 милиони долари).

На глобално ниво, „Годзила против Конг“ веќе заработи близу 300 милиони долари, ставајќи се на пат да ги надмине 363-те милиони долари на „Тенет“ во светски рамки некаде следната недела.

Минатата недела, филмот со џиновското суштество го забележа најголемото деби од почетокот на  пандемијата, со 28 милиони долари за три дена (се отвори во среда, 31 март) и 31,6 милиони долари за време на викендот.

На високобуџетниот блокбастер му беа потребни само две недели да стане филм со најголема заработка за време на пандемија на Ковид-19.

Godzilla vs. Kong всушност, додаде 20 киносали од својот дебитантен викенд, што значи дека се прикажа во 3.084 кина.

RelishMix, исто така, објави дека филмот има голем напредок во активноста на социјалните мрежи, со над 500.000 нови претплатници за канали на „Ворнер Брос“.

Related posts

Најубава фигура во танга бикини – Софија Вергара ги потсети фановите како изгледаше во 1990-тите

CityLife

На кров во Лондон, хорот на Кралската опера со уникатна изведба

CityLife

(Видео) Careless Whisper на Џорџ Мајкл прогласена за најомилена песна на сите времиња

CityLife