(Видео) Девет азиски филмови премиерно ќе бидат прикажани на Канскиот филмски фестивал

Филмскиот фестивал во Кан минатата година неволно беше откажан поради пандемијата, а годинава се врати преместен во јули од вообичаениот мајски термин.

Уметничкиот директор на фестивалот, Тиери Фрема, состави импресивен список на филмови и режисери, како на пример Вес Андерсон (The French Dispatch), Пол Верховен (Benedetta) и Flag Day на Шон Пен во конкуренција за освојување на посакуваната Златна палма за најдобар филм.

Оценка на овие и други пријавени филмови ќе врши жири предводено од Спајк Ли и во кое е вклучен јужнокорејскиот актер Сонг Канг-хо, повторно во Кан две години откако „Паразит“ го започна своето неверојатно патување до фестивалските почести таму.

Годинава, девет азиските наслови играат во официјалниот избор – Drive My Car (Јапонија), Memoria (Тајланд) Gaey Wa’r(Кина) In Front of Your Face (Јужна Кореја) Emergency Declaration (Јужна Кореја), The Year of the Everlasting Storm (различни земји), Ripples of Life (Кина), I’am So Sorry (Кина), Moneyboys (Кина).

Тилда Свинтон, сцена од Memoria

Токо Миура, сцена од Drive My Car

Канскиот филмски фестивал трае од 5 до 17 јули.

Related posts

Метју Пери го продаде раскошниот пентхаус во Лос Анџелес

CityLife

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

CityLife

Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг

CityLife