Џулиен Мур: Фразата „грациозно стареење“ е тотално сексистичка

Холивудската актерка Џулиен Мур ја критикуваше фразата „старее достоинствено“ нарекувајќи ја тотално сексистичка затоа што најчесто се користи за жени.

60-годишната црвенокоса која секогаш воодушевува со својот стил, коментарите ги даде во новата насловна статија за магазинот As If, пренесува неделникот „Пипл“.

„Има голема доза на осудување во поимот достоинствено стареење. Зарем постои недостоинствен начин на стареење?“ рече ѕвездата на „Ханибал“.

„Секако, немаме друга опција. Никој нема опција за стареење, па затоа не е позитивна или негативна работа, едноставно е. Тоа е дел од човековата состојба, па зошто секогаш зборуваме за тоа како да е нешто над кое имаме контрола?“

„Како деца ни е даден наратив дека продолжуваме да растеме во училиште, потоа можеби одиме на факултет, и тогаш завршува и идејата за раст,“ рече Џулиен. Таа сепак истакна дека во тој момент на луѓето им останува да го живеат својот живот, и во меѓувреме постои потенцијал за внатрешен раст.

„Да продолжиме да се предизвикуваме себеси, да се интересираме, да учиме нови работи, да бидеме покорисни за другите луѓе, да бидеме личност што им е потребна или посакувана на вашите пријатели и семејство. Како да продолжуваме да се развиваме? Како подобро да се снаоѓаме во животот за да имаме уште подлабоки искуства? Тоа треба да биде стареењето.“

Џулиен со одобрување ја цитираше оскаровката Хелен Мирен која еднаш рече: „Во животот имаш две можности: или да умреш млад или да остариш“.

Related posts

Како да го спасите јадењето кое е премногу солено, луто, слатко…

CityLife

Наезда на стаорци во полициска станица: Ја јадат нашата марихуана, сите се „надувани“

CityLife

Биг Бен слета во Манчестер за меѓународен уметнички фестивал

CityLife