(Видео) Девет азиски филма премиерно ќе бидат прикажани на Канскиот филмски фестивал

Филмскиот фестивал во Кан минатата година неволно беше откажан поради пандемијата, а годинава се врати преместен во јули од вообичаениот мајски термин.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Тиери Фрема, состави импресивен список на филмови и режисери, како, на пример, Вес Андерсон (The French Dispatch), Пол Верховен (Benedetta) и Flag Day на Шон Пен во конкуренција за освојување на посакуваната „Златна палма“ за најдобар филм.

Оценка на овие и други пријавени филмови ќе врши жири предводено од Спајк Ли и во кое е вклучен јужнокорејскиот актер Сонг Канг-хо, повторно во Кан две години откако „Паразит“ го почна своето неверојатно патување до фестивалските почести таму.

Годинава, девет азиски наслови играат во официјалниот избор – Drive My Car (Јапонија), Memoria (Тајланд) Gaey Wa’r (Кина) In Front of Your Face (Јужна Кореја) Emergency Declaration (Јужна Кореја), The Year of the Everlasting Storm (повеќе земји), Ripples of Life (Кина), I’am So Sorry (Кина), Moneyboys (Кина).

Тилда Свинтон, сцена од Memoria

Токо Миура, сцена од Drive My Car

Канскиот филмски фестивал трае од 5 до 17 јули.

Related posts

Шонда Рајмс негира дека Реже-џин Пејџ се откажал од „Бриџертон“ поради креативни разлики со неа

CityLife

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

CityLife

Џенифер Лопез на гости кај Бен Афлек потполно релаксирана

CityLife