Бургас домаќин на „Евросонг“ в година

20260813110603 big 730x400 28.webp.webp

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. Домаќинот е одреден од работен комитет којшто ги оценуваше предлозите, потврди тогаш генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова.

На 15 јули, претставници на ЕБУ ја прегледаа Националната палата на културата за време на постапката за избор на домаќин за музичкиот натпревар во 2027 година. Токму тие денови, БНТ објави дека само Бургас и Софија ја продолжуваат трката.

Вчера, организаторите на „Евровизија“ објавија дека ги промениле правилата за 2027 година, при што земјата-победник „автоматски нема право да биде домаќин“ ако државата е вклучена во „вооружен конфликт“ или се наоѓа во „чувствителна геополитичка ситуација“.  

Related posts

Најлошиот спој на Патриша Аркет ѝ бил со осуден убиец

CityLife

Почнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон

CityLife

Луѓето кои ја имаат оваа крвна група се посебни, имаат дарба која никој друг ја нема

CityLife