Британски возач, со брзина од 654 километри на час постави нов светски рекорд во САД

Image 2026 08 13 172206429.png

Во американската сојузна држава Јута, со автомобил „Хајдромакс“ и брзина од 654 километри на час, британскиот возач Енди Грин постигна нов светски рекорд.

Автомобилот има два водородни мотори со внатрешно согорување и вкупна моќност од 1.600 коњски сили.

Настанот се одвивал во две рунди. Во првата Грин постигнал брзина од 644,740 км/ч, а во втората, продолжувајќи во спротивна насока, брзина од 663,267 км/ч, при што го достигнал светскиот рекорд.

Енди Грин (64) е поранешен пилот на кралските воздухопловни сили. Светскиот успех го постигнал со автомобил на компанијата „ЈЦБ“

Related posts

Пепелот на Принс ќе биде изложен во Пејсли Парк по повод петтата годишнина од неговата смрт

CityLife

Вечерва се доделуваат Оскарите: Најмногу номинации за „Опенхајмер“ и „Сиромашни работи“

CityLife

Полицаец од Австралија на свршувачката се лизнал, паднал и починал

CityLife