Ботокс маска: Лененото семе и водата ќе ви го подмладат лицето

601065 Shutterstock 389780926 Kf.jpg

По 40-тата година, нашето тело почнува да создава се помалку колаген, што резултира со стареење на кожата која ја губи својата еластичност. Mаска направена од ленено семе и вода стана вистински вирален хит, а поборниците за природна козметика ја препорачуваат против брчки.

Лековитата моќ на лененото семе и сите благодети што тие му ги даваат на човечкото тело се надалеку познати. Покрај тоа што семките се полни со корисни омега 3 киселини, тие се богати и со витамин Е, па инфлуенсерите кои се застапници на природната козметика, ги препорачуваат за борба против брчките, за еластичност на кожата и природна стимулација на производството на колаген.

Тие тврдат и дека помага при темни дамки, црвенило, воспаленија, лузни, акни и зголемени пори.

Рецептот за подготовка на оваа маска е прилично едноставен. Варете 1/2 шолја ленено семе во 3 чаши вода 15 минути, додека водата не стане лигава. Потоа изладете ја маската, а можете да ја ставите во тегла и да ја чувате во фрижидер. Изладената маска ставете ја на лицето и држете ја околу 30 минути, а потоа измијте ја.

Уште една придобивка од маската од лен и вода е што можете да ја користите и како природен шампон за коса. Очигледно, семките од лен не се ефикасни само ако ги консумираме, туку се одлични и во третманите за убавина.

Related posts

Ураганите стануваат толку силни што е потребна нова категорија, предупредуваат научниците

CityLife

Лилибет не е прв член на кралското семејство роден во САД

CityLife

Овие чаеви имаат најсилно диуретичко дејство

CityLife