(Видео) Фeдерер покажува актерски вештини во реклама со Де Ниро

Unnamed 1 1.jpg

Малку луѓе сакаат Роџер Федерер да започне втора, не-тениска кариера, но ако го направи тоа, глумата би можела да биде привлечна опција, коментираат светски медиуми.

Во реклама за промоција на туризмот во Швајцарија, Федерер се појавувa во видеоклип со Роберт Де Ниро и го прашува дали сака да снима филм во неговата родна земја

Во рекламниот спот на Swiss Tourism, тениската легенда го кани Де Ниро да сними „швајцарски филм“ и му раскажува колку е убаво таму, а актерот му одговара: Не, Швајцарија е премногу совршена, мене ми треба драма, опасност, конфликт… Јави му се на Хенкс!

„Ран кандидат за Оскар?“ Федерер се пошегува на Твитер, одговарајќи на еден од многуте коментари што ги доби од своите фанови во однос на неговата глума во спотот.

Под слоганот, „Ако ви треба одмор без драма, одете во Швајцарија,“ промоцијата е веќе во тек.

Федерер е нов бренд амбасадор на Швајцарија за туризам.

Related posts

Ракот на дебелото црево убива повеќе помлади мажи и жени од кога било, открива новиот извештај

CityLife

Раперот Ди-ем-икс во болница, претрпел срцев удар

CityLife

Викенд донира милион долари за борба против гладот во Етиопија

CityLife