Ако правите скара на балкон во оваа држава ќе треба да платите казни до 25.000 евра

Image 2 3.jpg

Високите, речиси летни температури не намамија сите надвор, што значи и дека сезоната на скара започна. Но, ако живеете во Германија и сакате да правите скара на вашиот балкон, мора да го следите новото правило доколку не сакате да платите казна.

Германските медиуми пишуваат дека најголем проблем е со скарата на јаглен. Имено, премногу чад од скара на јаглен не само што може да им предизвика непријатности на вашите соседи, туку може да ги прекршите и германските закони за заштита на животната средина.

Казните одат и до 25 илјади евра
Доколку печењето на скара предизвика штета на животната средина поради премногу чад, може да се изречат казни до 25.000 евра. Освен тоа, ако го правите тоа често, тоа може да доведе и до судски случаи.

Германските медиуми предупредуваат дека граѓаните треба да внимаваат да не предизвикуваат сериозни проблеми и да ги почитуваат важечките прописи.

Related posts

Наезда на стаорци во полициска станица: Ја јадат нашата марихуана, сите се „надувани“

CityLife

Небесен базен распнат меѓу висококатници само за најхрабрите, но и за оние со длабок џеб

CityLife

Туристите сѐ повеќе преферираат рани резервации на своите одмори: Зошто Туркије е посакувана дестинација

CityLife