Украдени лични предмети на Бијонсе во вредност од 1.3 милиони долари

Провалници украле брендирани предмети на Бијонсе чија вредност се проценува на 1.35 милиони долари, објави порталот „ТМЗ“.

Складишните единици во Лос Анџелес каде има лични работи на 39-годишната музичка ѕвезда биле мета двапати овој месец, а провалниците украле голем број чанти и фустани на Бијонсе.

„ТМЗ“ известува дека единиците ги изнајмува нејзината продукциска компанија „Парквуд ентертејмент“ и сите предмети од првиот грабеж ѝ припаѓале на Бијонсе.

Вториот грабеж бил насочен кон чанти, детски играчки и фотографии на еден од стилистите на Бијонсе.

Полицијата во Лос Анџелес ги испитува провалите, но сè уште нема апсења.

Во меѓувреме, Бијонсе неодамна стана најодликувана жена уметник во историјата на Греми-наградите. Заедно со новите четири кои ги освои на овогодинешната церемонија на почетокот на март, Бијонсе се запиша во историјата на „Греми“ со освоени 28 награди.

Related posts

„Ф9“ постави нов пандемски рекорд на киноблагајните во Северна Америка со импресивно деби од 70 милиони долари

CityLife

Се повлекува чипс од пазарот кој содржи состојка ризична за предизвикување алергија

CityLife

Тајгер Вудс во сообраќајката возел со двојно поголема брзина од ограничената

CityLife