„Ф9“ постави нов пандемски рекорд на киноблагајните во Северна Америка со импресивно деби од 70 милиони долари

106429660 1583525624630f9cropped.jpg

Хит серијалот „Брзи и бесни“ ја притисна педалата за гас со своето деветто продолжение „Ф9“ рушејќи ги рекордите на боксофисот на пандемската ера во првиот викенд.

Продолжението со Вин Дизел во главната улога заработи неверојатни 70 милиони долари на северноамериканскиот боксофис, според „Вараети“.

 

Акциониот филм се чини дека пристигна во идеално време имајќи предвид дека Американците продолжуваат да се вакцинираат против коронавирусот и многу киносали повторно се отвораат низ САД по долгата пауза.

„Храбрата одлука што ја донесовме да го одложиме F9 една година беше апсолутно исправна, “ изјави претседателот на „Јуниверзал“ за домашна дистрибуција Џим Ор. „Нашето издание ги запали домашните киноблагајни и го постави пазарот за одлично лето,“ додаде тој.

Најновиот пандемиски рекорд го постави научната фантастика / хорор филм A Quiet Place Part II, кој во првиот викенд заработи 48,3 милиони долари.

Related posts

Ема Стоун била возбудена дека Леонардо ди Каприо ѝ го врачил „Оскарот“

CityLife

Колку често користите јаболков оцет и што тој му прави на вашето тело?

CityLife

Ѕвездите заблескаа на црвениот тепих во „Ројал Алберт Хол“

CityLife