Биографот Том Бауер ја најде својата следна тема, Меган Маркл

Том Бауер, господарот на неовластената биографија, ја подготвува својата следна книга – за војвотката од Сасекс, објавија британски медиуми додавајќи дека тој е тврдокорен новинар, кој им се спротивставува на луѓе што ја затајуваат вистината.

Познат како добар истражувачки новинар, тој ќе биде човекот што ќе пребара и интервјуира разни извори за да обелодени објективни докази за она што го пишува.

Биографот наводно почнува 12-месечно детаљно истражување, ќе разговара со пријатели, непријатели и соработници на принцот Хари и Меган за да може прецизно да ја раскаже приказната за војвотката.

Британски медиуми цитираат неименувани извори, кои откриле дека Бауер договорил шестцифрена сума за да ја раскаже приказната за Меган.

Минатите теми му беа премиерот Борис Џонсон, медиумскиот тајкун Роберт Максвел, принцот од Велс… Насловите на книгите честопати ја следат препознатливата формула на микроописот на субјектот, на пример, Борис Џонсон: „Коцкарот“, Роберт Максвел: „Конечната пресуда“, и „Принц бунтовник: Силата, страста и пркосот на принцот Чарлс“.

Том Бауер има напишано биографии и за други познати имиња, меѓу кои и Тони Блер, Ричард Бренсон и Мохамед Фаед.

Весникот „Сан“ го цитира изворот што ја откри приказната за претстојната биографија: „Ова е книга што ќе ја плаши Меган. Том е застрашувачки темелен во истражувањето. Ниту еден камен нема да остане непревртен“.

Related posts

Градоначалникот на српска Инѓија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб

CityLife

Ѕвездата на „Бриџертон“ одговори на гласините дека тој ќе биде следниот Џејмс Бонд

CityLife

Еве како да се ослободите од подочници

CityLife