Брижит Макрон ќе глуми во новата сезона на популарната серија на Нетфликс

97463508 Frbrigafp8jul.jpg

Брижит Маркон, првата дама на Франција, ќе се појави во новата сезона на серијата „Емили во Париз“, објави Мирор.

Сопругата на Емануел Макрон е видена на снимањето на серијата заедно со главната актерка Лили Колинс.

Брижит Макрон претходно откри дека ја обожава споменатата серија, а таа беше тема на епизода во првата сезона. Сега таа ќе има можност лично да се појави во една од епизодите.

Актерката Лили Колинс беше прашана во интервју во 2022 година дали се сретнала со претседателот на Франција. „Ја запознав неговата прекрасна сопруга. Таа ја сака серијата”, изјавила тогаш актерката, пишува Мирор.

За потсетување, серијата „Емили во Париз“ имаше премиера во 2020 година на Нетфликс, а оттогаш се снимени три сезони.

Related posts

Повеќе луѓе го следеа погребот на принцот Филип отколку венчавката на Хари и Меган

CityLife

Четворицата најдобри мажи во Зодијакот

CityLife

Влажните паметни телефони не се сушат во ќесичка ориз

CityLife