Разголени манекенки рекламираат мртовечки сандаци – Провокативно облечени убавици во шокантна реклама

Погребниците од руската компанија “Horonim.ru” од Москва ангажирале полуголи манекенки за да продадат повеќе ковчези.

Кампањата која ја започнале на социјалните мрежи веројатно ќе им се одбие од глава, бидејќи реакциите се во главно негативни.

„Имаме сопствен персонал од квалификувани работници, кои ја надгледуваат организацијата на погребите во секоја фаза – од документацијата до обредот“, пишува во описот на кампањата на социјалните мрежи, иако не е јасно дали и манекенките се дел од перосналот.

 

Контроверзната реклама привлекла големо внимание, но не на начинот кој тимот веројатно го очекувал. Луѓето на социјалните мрежи го изразиле својот бес поради неа.

Додека еден корисник напишал дека рекламата е “невкусна и навредлива”, други ја означиле како “богохулие”.

„Ова е ужасно, вистински хорор е што луѓето ги изгубија сите граници. Светот полуде“, напишал корисник.

Некои напишале дека погребот е нешто приватно и дека не заслужува вакво рекламирање.

„Зошто ни се потребни голи жени за да рекламираме нешто толку приватно и мрачно? Тоа е невкусно и навредливо за оние кои треба да ги погребаат своите сакани“, додал корисникот, пренесува “Indy100”.

Related posts

Најсекси водителката од временска прогноза ги распамети мажите (Фото)

CityLife

Не претерувајте со прашања, првите училишни денови треба да бидат опуштени за децата

CityLife

Зошто во лифтовите има огледала?

CityLife