Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“

040222 dakotajohnson Universal Pictures UK

Дакота Џонсон преговара за главна улога во Марвеловиот филм Madame Web, спиноф на „Спајдермен“.

Според „Дедлајн“, 32-годишната актерка треба да глуми во адаптацијата на „Сони“ на Марвеловиот стрип.

Филмското студио наводно имало средби со неколку ѕвезди од т.н. А-листа, но сега се насочуваат кон Џонсон, која се смета за фаворит за улога во филмот.

Иако договорот сè уште не е потврден, се смета дека ѕвездата на Fifty Shades („Педесет нијанси“) е избрана за главната улога на Касандра Веб.

Мадам Веб беше првата суперхеројка што се појави во универзумот на Марвел, а своето деби го имаше во Неверојатниот Спајдермен # 210 во 1980 година.

Related posts

Станија позираше речиси гола, на себе носи само хулахопки

CityLife

Дара Бубамара игра на јахта во Дубаи (видео)

CityLife

„Преспав“ на оригинален начин и го честиташе роденденот на Тијана

CityLife