Мадс Микелсен ужива да глуми лошо момче во Холивуд

Данскиот актер Мадс Микелсен е задоволен кога добива улоги на лошо момче во холивудските фимови.

55-годишниот актер е познат по тоа што глуми негативци во „Џејмс Бонд“, „Казино Ројал“ како и во проектот на Марвеловиот филмски универзум „Доктор Стрејнџ“, и тој сака да го сметаат за лошо момче, бидејќи европската публика поинаку гледа на него.

“Уживам во тоа. Исто така, имам друг свет што се вика Европа и кој дефинитивно ме гледа со други очи во текот на мојата кариера!” рече Мадс.

Тој се осврна и на блокбастерите во кои глумел и вели дека е зачуден од успехот што го ужива во својата актерска кариера.

Во интервју за весникот Метро, тој рече: „Малку сум зачуден“.

Мадс го глуми Мартин во новиот филм оскаровец Another Round („Уште една тура“), кој следи група пријатели кои експериментираат со прекумерно пиење за да си го направат животот подобар. Мадс признава дека за него било тест да портретира пијан човек на екранот.

Ѕвездата рече: „Таква улога отсекогаш била тест за еден актер“.

Related posts

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

CityLife

Морничави видеа се појавуваат со впишување на еден знак на „Јутуб“, родителите да бидат внимателни

CityLife

Зошто чукаме во дрво?

CityLife