Морничави видеа се појавуваат со впишување на еден знак на „Јутуб“, родителите да бидат внимателни

Youtube.jpeg

Дури и со сите мерки на претпазливост, не е лесно да се исчисти платформа како YouTube од несоодветна содржина. Најголем проблем е како да се спречи несаканите работи да стигнат до оние кои се најранливи – децата.

Креаторите на овој вид на содржини постојано смислуваат како да поминат низ бројни препреки, па успеаја да прикачат видеа на YouTube од кои родителите ги боли глава. Да биде проблемот уште полош, она што им е забрането веднаш им е поинтересно на децата.

Со внесување на само една точка во пребарувањето на YouTube, резултатите ќе покажат различни морничави видеа, од кои најмладите можат да имаат кошмари.

Покрај „ . “ се користат и други знаци или нивни комбинации за „да поминат под радар“. Затоа, родителите мора да бидат уште повнимателни од порано.

Сè на сè, иако YouTube годишно отстранува околу 35 милиони снимки со непристојна содржина, што е околу 90.000 дневно, некои од нив сè уште пловат на површината и допираат до оние на кои најмалку им е потребно – децата.

Related posts

Кејт Мидлтон излезе од болница, го продолжува опоравувањето дома

CityLife

Мадс Микелсен сакал да разговара со Џони Деп за „Фантастични ѕверки“

CityLife

Научниците открија структура стара 9000 години во езерото Мичиген која личи на Стоунхенџ

CityLife