Сина лагуна, најопасното езеро во Британија

Сината лагуна, како што се нарекува, е најопасното вештачко езеро во Велика Британија.

Ова езеро се наоѓа на еден рид над Бакстон и е прекрасна за гледање, но, ако пливате, по неколку минути ќе добиете изгореници. На дното има остатоци од автомобили и трупови од животни, а рH вредноста во водата е како да се капете во избелувач. Полицијата секоја година ги предупредува туристите за тоа, особено тие што доаѓаат на викенди.

Бакстон е мал град во Дербишир во централна Англија. Исто така се нарекува бањски град поради   геотермалните води со температура на водата од 28 степени.

На ридот над овој мал град е прекрасната лагуна зад која лежи опасност за која британската полиција предупредува секоја година.

Лагуната е всушност вештачко езеро во близина на напуштена индустриска централа од која со години протекуваат отпадни води и разни токсини.

Жителите на околните градови го знаат ова, но проблем се викенд туристите.

На патот кон лагуната, постојат бројни знаци кои ги предупредуваат луѓето дека ова е токсично вештачко езеро: – Предупредување! Загадена вода, остатоци од автомобил, трупови на животни и ѓубре. – Не влегувајте во вода!

Related posts

(Видео) Хит-серијата „Сопранови“ доби филм

CityLife

(ВИДЕО) Милош Биковиќ рекламира пријателски фудбалски натпревар меѓу Србија и Русија

CityLife

Коктел со зелен чај кој го зајакнува целиот организам

CityLife