(Видео) Хит-серијата „Сопранови“ доби филм

20210701 actor youTube.jpg

Тони Сопрано се врати по тринаесет години во нов филм кој ја истражува неговата трансформација во еден од најголемите антихерои на ТВ.

Трејлерот за крими драмата The Many Saints of Newark („Многуте светци на Њуварк“) чија приказна му претходи на дејствието на легендарната серија „Сопранови“, беше споделен неодамна.

Првиот трејлер нуди поглед на Ентони (Мајкл Гандолфини), тинејџер со висок коефициент на интелигенција, кој оди во училиште но цвета под крилото на неговиот сакан чичко Дики Молтисанти (Алеснадро Нивола). Од прифаќање украдени телевизори до напади врз луѓе сред бел ден, филмот го опишува подемот и предизвикот на мафијашите во сè повеќе растргнатиот град Њуварк во Њу Џерси.

Сценариото е напишано од креаторите на култната серија, Дејвид Чејс и Лоренс Конер. Дејствието е сместено во 60-ите години за време на расните нереди во Њуварк.

Related posts

Ганс енд Роузс објавија видео со вештачка интелигенција за песната „Генералот“

CityLife

Германец бил вакциниран против корона 217 пати

CityLife

Пет намирници кои ги олеснуваат проблемите со синусите

CityLife