Пол Макартни откри дека јогата за очи му го подобрила видот

Сер Пол Макартни тврди дека во текот на неговиот престој во Индија научил како да практикува јога за очи и додава дека, иако може да „изгледа малку чудно“, тоа му помага подобро да гледа.

Додека многу луѓе се насочуваат кон вообичаените јога-рутини за да му помогнат на своето тело, sвездата на „Битлси“ открива дека верзијата за очи му овозможува да чита весник без неговите очила.

Легендарниот музичар (78) признава дека оваа форма на вежбање можеби изгледа малку чудно, но тој веќе ги чувствува придобивките од тоа.

Во разговор со Џеси Вер на нејзиниот подкаст Table Manners, Пол рече дека тој ја открил оваа јога на патување во Индија кон крајот на 2000-тите.

“Научив јоги во Индија. Нашите очи се мускули. Ушите не се, така што не можете да ги вежбате ушите. Но, вашите очи може,“ се пошегува тој.

Related posts

На повидок нова романса: Рене Зелвегер во врска со британски презентер

CityLife

(Видео) Ѕвездите на „Одред самоубијци“ ја откриваат својата супермоќ во нов трејлер

CityLife

Тејлор Свифт го собори рекордот на „Битлси“ со трет албум број 1 за помалку од една година

CityLife