Се сеќавате ли на сите оние говори за награди каде што емотивен победник вели дека сака да ја сподели својата награда со некој друг? Па, британските поп-sвезди следниот месец навистина ќе можат да го сторат тоа.
Специјален „двоен трофеј“ ќе им овозможи на примателите самите тие да наградат некого, односно да ја споделат наградата со друг уметник по нивни избор бидејќи церемонијата во средиште на сцената ги става „актите на добрина“.
Публика од 4,000 гледачи ќе ја следи церемонијата на 11 мај во лондонската „О2 Арена“.
Присутните нема да мора да носат маски за лице или да бидат социјално дистанцирани – но ќе им треба негативен тест за коронавирус како дел од владината пилот-програма за постпандемски настани во живо.